Младите Вардарци храбро се бореа, но Силекс ги однесе бодовите

by
1 минути читање

Незадоволни од одлуката на ФФМ да не ја казни Шкендија, раководството на Вардар одлучи денешниот натпревар против Силекс да го одигра со младински тим, па само голманот Алексовски имаше над 21 година.

Натпреварот почна интересно, уште во втората минута Вардар поведе со гол на Попзлатанов од 25 метри кој искористи една грешка на одбраната на Силекс.

Но, Кратовци брзо се консолидираа, најпрво во 21. минута Глигор Глигоров со глава израмни на 1-1, а 14. минути подоцна Тимов погоди за комплетен пресврт и водство на Силекс од 2-1.

Пред самиот крај на првото полувреме Реџепи во обид да расчисти си постигна автогол за сигурна предност од 3-1.

Младите фудбалери на Вардар не се предаваа, го имаа поседот на топката и се обидуваа да се вратат во натпреварот. Тоа се случи во 84. минута кога по центаршут на Антовски, Попзлатанов погоди уште еднаш за 2-3 и интересен финиш на мечот.

Сепак Силекс искусно се одбрани до крајот и дојде до победата.

Во останатите денешни натпревари немаше победник, Академија Пандев и Ренова одиграа 1-1 исто како Шкупи и Работнички, немаше голови на дуелот помеѓу Пелистер и Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани