Младата ѕвезда на Бодо/Глимт: Кога клуб како Милан ќе ве побара мора сериозно да размислите но…

by
1 минути читање

Норвежанецот се
најавува како засилување за офанзивата на Стефано Пиоло, а гласините добија на
интензитет по неговата одлична партија на Сан Сиро во Лига Европа
, кога постигна прекрасен гол и забележа
асистенција.

„Знам дека има
контакти. Им се допадна тоа што го видоа кога игравме,
a
им се допадна и она што го видоа претходно. Ќе
треба да почекаме и да видиме што ќе се случи. Ми се допаѓа фудбалот на Милан,
мислам дека ќе уживам во нивната игра. Ова е шанса за која мора сериозно да
размислам“
– вели Јенс Петер Хауге.

„Секако, нивната
понуда ќе треба да ги задоволи барањата на Бодо/Глимт“.

Се шпекулира дека
Милан нуди 4 милиони евра, додека пак клубот од Норвешка бара 6 милиони евра,
разлика која лесно може да се надмине во следните денови.

Но се верува дека
поголем проблем е желбата на 20 годишното момче да ги одигра последните два
месеци од сезоната во Норвешка и да се радува на титулата. Бодо/Глимт доминира
оваа сезона и во моментов има +18 на врвот на табелата.

Запрашан дали ќе
ја заврши сезоната во Бодо/Глимт или ќе направи трансфер, тој додава: „Тешко е
да се каже, можe да се случи и тоа и тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани