Мирабели: Кога го одбрав Гатузо, се коцкав со мојата иднина

by
1 минути читање

Поранешниот
директор на Милан, Масимилијано Мирабели го чувствува како оправдан потегот да
го одбере Џенаро Гатузо како тренер на Росонерите, тој вели дека со самата таа
одлука се коцкал и со неговата иднина.

Убеден сум дека
овој млад Милан ќе достигне едно високо ниво во годините кои претстојат
“ рече
Мирабели во изјавата за РМЦ Спорт Радио.

Кога го одбрав
Гатузо, јас практично се коцкав со мојата иднина, можев да изберам било кого,
немавме никаков лимит во однос на буџетот по тоа прашање, но, секогаш мислев
дека Гатузо е единствениот со капацитет да го преземе Милан во свои раце,
верував во него
“ додаде тој.

Луѓето веќе
почнуваат да сфаќаат дека Рино не е тука само како привремено решение, тој има
карактер, но, исто така знае и за што зборува, доста е иновативен и работи
напорно
“ заклучи Мирабели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани