7
Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски, смета дека натпреварите со силни противници се важни за воигрување во период кога има промени во националниот тим.
Македонија синоќа одигра 0-0 на гостувањето кај Босна и Херцеговина. По мечот свое видување даде и Бојан Миовски.
„Имаме многу нови играчи. Во првите 45 минути беше доста тврд натпревар. Имавме ние свои шанси, имаа тие свои шанси, за жал и двете репрезентации не ги искористија. Се воигруваме, знаеме што ни следува, имаме доста нови играчи, нова формација, мислам дека овие натпревари со вакви противници се одлични за да се воиграме за тоа што ни следува во иднина“, рече Миовски по натпреварот.