Министерот за спорт на Италија не ја отфрла можноста сезоната да продолжи во средината на идниот месец

by
2 минути читање

Министерот за
Спорт на Италија, Винченцо Спадафора донесе нова конфузија во јавноста околу
често поставуваното прашање за тоа кога би продолжила сезоната во италијанскиот
фудбалски шампионат.

Познато е дека
планот на Италијанците не им оди според планот, па таму фудбалските возбудувања
ќе бидат суспендирани до 14. јуни, екипите имаат дозвола да тренираат, меѓутоа
првенството нема да продолжи на 13. јуни, како што претходно беше најавено, а
последната одлука доаѓа директно од премиерот на таа земја, Конте.

Ние сите се
надеваме дека сезоната може да продолжи најбрзо што е можно, но, во овие
моменти не можеме ништо да кажеме сигурно, по реакцијата на премиерот Џузепе
Конте
“ вели Спадафора за тамошните медиуми.

Во случај, како
што ние се надеваме во моментов, опасноста од заразата да опаѓа, како што во
моментов е веќе тренд, тогаш би било можно да го потврдиме датумот за
продолжување на сезоната, како и да е, мораме сево ова да го градиме на основ
на одговорна политика, како што тоа досега го правевме
“ додава тој.

Протоколот за ова
првенство фрли многу прашина низ италијанската јавност, најгласни во јавноста
беа медицинските лица кои ќе имаат огромна одговорност во целата оваа
ситуација, а протоколот дополнително е ригорозен, со тоа што еден позитивен
случај во некој клуб е доволен да сиот тим отиде во 15 дневен карантин, што не
е таков примерот во Германија, каде се изолира фудбалерот кој е заразен, но, не
и останатите.

Доколку фудбалер
биде позитивен на тестирањето, јас разбирам дека сето тоа би било проблем за
спортот, но, исто така мораме да бидеме свесни дека тоа би го загрозило
неговото, но и здрајето на останатите негови блиски особи, затоа ја
разгледуваме секоја можна солуција во договор со здравствените работници, целта
не е само да се продолжи првенството, туку и тоа да го сториме на вистински
начин
“ заклучи Спадафора. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×