Милнер ќе отсуствува цел месец од терените

by
1 минути читање

Џејмс Милнер би
можел да отсуствува од фудбалските терени се
до почетокот на идниот месец, откако искусниот
играч на Ливерпул се здоби со повреда во ремито без голови на Енфилд во дербито
со Манчестер Сити.

Дејли Мејл
денеска извести дека повредата на Милнер не е од сериозен карактер, но, извесно
е дека тој ќе има период на рехабилитација до крајот на овој месец, а
очекувањата се да пропушти три натпревари за тимот на Јирген Клоп.

Ливерпул идниот
викенд гостува кај Хадерсфилд, а веднаш потоа патува за Белград каде ќе ги
одмери силите со Црвена звезда во Лигата на шампионите. Дуелот со Кардиф на
домашен терен е само три дена по гостувањето во Белград, па доколку се остварат
очекувањата, Милнер би се вратил за дербито против Арсенал на гостински терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани