По големата радост на теренот и триумфот од 1-0, Полјакот доживеа кошмар на патот кон дома. Две лица на мотор го запреле, му впериле пиштол во лице и му го одзеле часовникот Ролекс. Теророт траел околу триесетина секунди.
„Лицето кое го држеше пиштолот, само тропна со него на прозорецот и без да каже збор, покажа кон часовникот и побара да му го дадам. Веднаш му го дадов часовникот, кој за жал не е осигуран. Со оглед на тоа колку брзо се случи сè, не можам да дадам никаков опис за напаѓачите“ – вели Аркадиуш Милик.
Милик исто така смета дека грабежот бил добро испланиран и крадците знаеле каде да нападат.
„Мислам дека не ме следеа но сигурен сум дека ме чекаа во близина на мојот дом, знаеа дека ќе имам натпревар од Лигата на шампионите“.