Милевски се откажа од неколку досегашни репрезентативци велејќи дека тие не заслужуваат да го носат дресот на националниот тим. На нивни место има дебитанти и повратници.
„Никогаш сме немале императив да победиме, но важен е односот на терен. Како што најавив сега има промени во однос на претходните собири. Сега имаме четворица дебитанти, Божиновски, Личина, Омар Имери и Милан Ристовски. Повторно во селекцијата се враќа Бенјамин Демир кој игра во одлична форма во Скопје. Оние што не се повикани, значи дека не го покажале она што треба да го покажат во овој дрес. Имаме квалитетен потенцијал да ја прекинеме низата од три порази. Во изминатите три и пол години не постоело никогаш императив победа во оваа селекција, но условот секогаш бил да се даде на секој натпревар максимум. Така е и сега. Ќе мора да дадеме повеќе од реалните можности, тоа е нашата должност кон нас и Македонија и националниот дрес“, вели Милевски.
Меѓуни оние кои не се повикани а претходно играа за репрезентацијата се Чешмеџиев, Симовски, Кулевски, Селмани, Илиќ, Трајчевски, Атанасовски, Костов…
Македонија на 23. март ја пречекува Русија, а на 27. март гостува кај Австрија.