Милевски ќе селектира низ тест натпревар против Работнички: Бараме нешто ново, а корисно за квалификациите

by
3 минути читање

Младинската фудбалска
репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година ќе одигра тест натпревар
со прволигашот Работнички, а истиот ќе се одигра во среда на тренинг центарот „Петар
Милошевски“ при Куќата на фудбалот во Скопје.

Селекторот Благоја
Милевски вели дека ова е прилика за сите фудбалери кои немаа прилика да се
наметнат во квалификациите, додаде и дека се бараат „новини“ кои можат да бидат
од големо значење во пресрет на продолжението во квалификациите за ЕП Италија
2019, каде нашата селекција во групата „7“ има само една победа, и тоа против
Ерменија на стартот од циклусот со 0-3, но потоа загуби три меча во серија, и
тоа од Австрија, Србија, а посебно шокирачки беше оној пораз од Гибралтар.

Првичната
намера беше повиканите фудбалери кои конкурираат за место во репрезетнацијата
до 21 година да одиграат меѓусебна пресметка, но сега овој натпревар се
поклопува со почетокот на Втората лига, а свои дуели имаат и Вардар, Шкендија,
Силекс и Скопје. Токму поради тоа има одредени измени, но нашата цел останува
иста. Им даваме шанса на фудбалерите кои немаа прилика да се наметнат во
квалификациските натпревари и се надевам дека ќе извлечеме позитивни работи од
овој мини собир. За мене секој натпревар е битен, уште повеќе што преку ваков
тип натпревари бараме „новини“ кои можат да бидат од големо значење во пресрет
на продолжението од нашиот квалификациски циклус. Се надевам дека фудбалерите
исто така ќе го сфатат овој дуел и ќе не убедат во своите квалитети
“ истакна Милевски.

Голмани: Томас
Божиновски (Пакош Фереира, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Филип Илиќ
(Вардар);

Одбрана: Филип
Стојановски (Раднички Пирот, Србија), Дин Аломеровиќ (Селта Б, Шпанија), Нехар
Садики (Работнички), Бесарт Кривањева (Шкупи), Давид Атанаскоски (Академија
Пандев), Стефан Костов (Ренова);

Среден
ред:
 Калвин
Н`Сомбо (Хелсинки, Финска), Изет Ајрулаху (Одореу, Романија), Арменд Далипи
(Цибалија, Хрватска), Омар Имери (Шкупи), Андреј Лазаров (Работнички), Петар
Крстиќ (Раднички Ниш, Србија);

Напад: Влатко
Стојановски (Ренова), Марио Крстовски (Академија Пандев), Христијан Велиновски
(Академија ПАндев), Валон Етеми (Кукуши, Албанија)
.

 

Извор/Фото-вест: ffm.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани