1,2K
Toмас Милер по 25 години ќе го напушти Баерн Минхен и според последните информации кариерата би можел да ја продолжи и во Серија А.
Германскиот ветеран се уште не знае кој клуб ќе биде негова наредна дестинација, најчесто како негова наредна дестинација се споменуваа МЛС лигата и Блискиот Исток.
Сепак, сега се појави можност да се пресели во Италија. Медиумите на Апенините најавуваат дека нов клуб на Германецот може да биде Фиорентина.
Во Фиорентина веруваат дека Милер со своето искуство и квалитет може многу да придонесе.
Ќе потсетиме во минатото од Минхен во Фиренца се преселија Франк Рибери и Марио Гомез.