Милан со 2-1 славеше на гостувањето во Џенова, росонерите губеа, но за кратко време во второто полувреме дадоа два гола и го добија мечот.
Мрежите мируваа се до 61. минута кога Витиња со првиот допир откако влезе во игра погоди за водство на Џенова од 1-0.
Предноста на домаќините траеше до 76. минута кога по асистенција на Хименез, Леао даде гол за израмнување на 1-1.
Веќе во следната минута Милан се израдува на нов гол, овојпат Френдруп си постигна автогол за комплетен пресврт и водство на росонерите од 2-1 што беше и конечен резултат.