Милан веќе го договорил новиот тренер, ќе го плаќа пет милиони евра по сезона?

by Стефан
1 минути читање

Маурисио Покетино ќе биде новиот тренер на Милан, пренесуваат италијанските медиуми, кои тврдат дека аргентинскиот стратег ги прифатил сите услови на клубот и веќе постигнал договор.

Според информациите, Покетино ќе го преземе кормилото на „росонерите“ по завршувањето на Светското првенство, а неговата годишна плата ќе изнесува пет милиони евра.

Аргентинецот остави длабока трага во Тотнем, каде што ги оствари најголемите успеси во својата тренерска кариера. Потоа работеше во Пари Сен Жермен и Челси, пред да ја прифати функцијата селектор на репрезентацијата на САД.

Во овој момент Покетино ја предводи американската селекција со која ќе настапи и на Мундијалот, каде САД се еден од домаќините заедно со Канада и Мексико.

По завршувањето на светскиот шампионат, Покетино би требало да се пресели во Италија, каде што ќе го очекува сериозен предизви, враќање на Милан во самиот врв на Серија А и обезбедување место во Лигата на шампионите.

Милан неодамна се раздели со Масимилијано Алегри по разочарувачкиот крај на сезоната, по што следуваа промени и во раководните структури на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×