564
22-годишниот фудбалер од Ајнтрахт во Реал Мадрид премина за сума од 60 милиони евра, но напаѓачот не се снајде најдобро на Сантијаго Бернабеу.
„Калчомеркато“ тврди дека Милан би можел да го купи Јовиќ, за таа цел подготвува 40 милиони евра.
Не се исклучува и можноста за двегодишна позајмица со обврска фудбалерот комплетно да биде откупен.
Доколку Милан успее да го ангажира Јовиќ, тоа можеби ќе значи дека Златан Ибрахимовиќ нема да го продолжи договорот и за следната сезона.