Милан дојде до својата 15. победа од почетокот на сезоната во Серија А, откако ја совлада Венеција со 0-2.
Првиот гол на натпреварот го постигна Кристијан Пулишиќ уште во петтата минута, по асистенција од Јусуф Фофана, со што ја затресе мрежата на противникот.
Вториот погодок беше постигнат дури во самиот финиш на натпреварот, поточно во шестата минута од судиското продолжение, кога Сантијаго Хименез ја зголеми предноста на „росонерите“ од „Сан Сиро“.
Фудбалерите на Милан, по победата против Интер во полуфиналето на Купот на Италија, успеаа да запишат нов триумф во првенството, враќајќи се на победничкиот пат по поразот од Аталанта во претходното коло.
Милан сега има 54 бодови и се наоѓа на деветтото место на табелата, со пет бодови заостанување зад шестата позиција што води во квалификациите за Конференциската лига. Венеција и понатаму останува во зоната за испаѓање.