Милан сака да го замени Џенаро Гатузо со нивниот поранешен играч од средниот ред, Марк Ван Бомел.
Ван Бомел има импресивна дебитантска сезона на кормилото на ПСВ Ајндховен, но се уште не е докажан тренер.
„Тутоспорт“ пишува дека холандскиот стратег со задоволство би се вратил во Милан и би го превземал кормилото од Гатузо.
Раководството на Милан го посакува Ван Бомел бидејќи тој е значително поевтина опција отколку некој како Сари, Покетино или Конте. Овие тренери не само што бараат поголема плата, туку бараат и сериозен буџет за трансфери.
Милан претходно се обиде со Броки, Изнаги, Сидорф, сега со Гатузо, но ниту еден од нив не се задржа долго бидејќи резултатите не беа на нивото на клубот.
Ван Бомел би бил уште едно коцкање на управата на Милан.