Милан остана без цел плен во 94. минута (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лацио и Милан ги
поделија бодовите на „Олимпико“. Гостите беа на чекор до голема победа која ќе
ги однесеше во топ четири, но капитулираа во последните секунди од мечот.

Мрежите мируваа
во првиот дел, Чалханоглу ја имаше најдобрата шанса за Милан и ја погоди
стативата, додека пак Милинковиќ Савиќ на спротивната страна постигна гол, кој
сепак оправдано беше поништен поради офсајд.

„Бјанкочелестите“
подобро го започнаа второто полувреме и Алберто со ножички го стави Донарума на
тест. Голманот на Милан потоа имаше магична интервенција и со една рака го
спречи Валас да донесе водство за Лацио.

Дефанзивецот на домаќините неколку
минути подоцна стана трагичар откако го блокираше ударот на Кеси, го промени
правецот на топката и го измами сопствениот голман за радост на „росонерите“.

Сепак, Милан не
издржа до крајот и длабоко во судиското надоплнување ја испушти победата. Запата
лошо расчисти една долга топка, Кореа ја смири на врвот од шеснаесетникот, и со
полу-волеј прецизно биеше по земја за 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани