Милан одвојува 90 милиони во јануари за атак на Скудетото и прави „бомба“ со ангажман на Икарди?!

by
1 минути читање

Милан одлично ја започна сезоната, во моментов е на првото место на табелата во Серија А со четири победи од исто толку меча а беше обезбеден и настап во групната фаза во Лига Европа, каде авантурата е започната со лесна победа на гостувањето кај Селтик.

Медиумите од Италија пишуваат дека Малдини и Масара веќе кројат планови за уште посилен Милан и размислуваат за две големи засилувања во јануари.

Целта е да се донесе нов дефанзивец, а желба е Никола Миленковиќ од Фиорентина. „Виолетовите“ бараат 40 милиони евра за Србинот, но со оглед на тоа дека неговиот договор истекува во 2022, има простор за намалување на цената.

Второто име на ум кое го имаат директорите е Мауро Икарди. Ванда Нара им намигна на „росонерите“ по победата во градското дерби и се чини дека сопругата на Аргентинецот притиска за негово враќање во Италија, или поточно во Милано.

Се шпекулира за позајмица вредна 10 милиони евра, плус опција/обврска играчот во целост да се купи за 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани