73
Голманското чудо на Милан, Џиџи Донарума донеска полни 18 години, иако е толку млад, веќе стекна сериозно искуство бранејќи за првиот тим уште од своите 16 и стана еден од најбараните чувари на мрежата во Европа.
За неговиот роденден, Милан му приреди интересно изненадување кое го расплака голманот.
Во посебна соба му пуштија видео од неговите најдобри моменти во тимот проследени со искрени честитки од неговите најблиски. Донарума не успеа да ги задржи емоциите.