Милан ја потврди разделбата со Гатузо, Рино се откажа од 11 милиони евра за неговиот персонал да биде обесштетен!

by
1 минути читање

Самиот Џенаро
Гатузо утрово потврди дека заминува од Сан Сиро и покрај тоа што има уште две
години од договорот. Вестите за разделба попладнево ги соопшти и Милан.

„Милан можем да
соопшти дека Џенаро Гатузо ја напушта функцијата тренер на првиот тим на
взаемна согланост“
– гласеше известувањето.

„Клубот сега ќе
започне процес за ангажирање на нов тренер во пресрет на летната турнеја од
Интернационалниот куп на шампиони и првите мечеви од Серија А, Купот на
Италија и Лига Европа“.

„Милан сака да му
се заблагодари на Џенаро Гатузо за лидерството во изминативе 18 месеци. Како
вистинска легенда на „росонерите“, Џенаро го превзеде кормилото во тежок период
и одработи достојно за восхит, освојуваќи најмногу бодови во првенството од
сезоната 2012/13 па наваму“.

Гатузо истакна
дека нема да бара ниту евро од Милан за разделбата и медиумите од Италија сега
пренесуваат дека тој всушнос се откажал од 11 милиони евра, односно бруто
сумата од неговиот договор до 2021. Популарниот Рино побарал со овие средства
да се обесштетат помошници и да се исплати се што му се должи на неговиот персонал за предвремениот прекин на договорите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани