Милан и Интер: Ќе изградиме нов стадион, Сан Сиро ќе биде срушен; Од градот Милано им порачаа: Можеби по 2026

by
2 минути читање

Градските ривали
подолго време се во преговори за нов дом кој во иднина ќе носи поголеми
приходи. Милан и Интер треба да избираат помеѓу модернизација на Сан Сиро и
изградба на нов стадион, и се верува дека паднал договор за втората опција.

Ваквите вести
сега ги потврди првиот човек на „росонерите“, Паоло Скарони.

„Ќе изградиме нов
Сан Сиро во близина на стариот. Стариот стадион ќе биде срушен и на негово
место ќе бидат изградени згради“
– порача претседателот на Милан од Лозана каде
денеска ќе се гласа за домаќин на Зимските олимписки игри во 2026 а во
конкуренција се Милано и Стокхолм.

Запрашан на оваа
тема, генералниот извршниот директор на Интер, Алесандро Антонело додаде: „Да,
ќе изградиме нов стадион, апсолутно“.

Останува да се
види дали двата клуба ќе добијат дозвола од градот Милано со оглед на тоа дека
градоначалникот се спротивстави на идеата Сан Сиро да биде срушен.

„Градот е
сопственик на Сан Сиро, и доколку двата клуба решат да изградат нов стадион, јас
можам да кажам само две работи. Ќе треба време да се изгради новиот стадион, и
ние сме господари на иднината на Сан Сиро. Во кандитатурата гарантираме дека
Сан Сиро ќе биде на располагање за ОИ во 2026. Дополнително ќе одлучиме каква
ќе биде иднината на стадионот по тој датум“
– вели градоначалникот на Милано, Бепе Сала.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани