206
Милан загуби од Јувентус, но денеска го победи другиот тим од Торино, росонерите го освоија целиот плен за три важни бода во борбата за Скудетото.
Домаќините рано го решија победникот, во 25. минута од мечот Леао постигна гол за водство од 1-0, а десет минути подоцна Кеси од пенал ги постави конечните 2-0.
На пет минути до крајот на мечот во игра влезе и Златан Ибрахимови, по подолго време Швеѓанецот е фит и од следните натпревари сигурно повеќе ќе може да му помогне на Милан.