Милан го договори второто засилување, доаѓа стопер од Лацио кој беше желба и на Алегри!

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан го комплетира второто летно засилување и постигна договор со Лацио за трансферот на шпанскиот стопер Марио Хила.

„Росонерите“ ќе платат околу 30 милиони евра со вклучени бонуси за да го доведат 24-годишниот дефанзивец, кој инсистирал да го напушти Лацио и да се пресели на „Сан Сиро“.

Хила се договорил за петгодишен договор според кој ќе заработува пет милиони евра по сезона. Во наредните денови се очекува да пристигне во Милано и да ги мине задолжителните медицински прегледи пред официјално да го стави потписот на договорот.

Од трансферот ќе профитира и Реал Мадрид, кој има право на 50 проценти од сумата што ќе ја добие Лацио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×