Милан го договори првото засилување, се водат преговори и со Манџукиќ

by
1 минути читање

Проблемите во
средниот ред го натераа Милан да реагира брзо и да го обезбеди провото
засилување во зимскиот преоден рок. Голем број на извори пренесуваат дека е
договорен Суалио Меите од Торино.

26 годишниот
Французине ќе пристигне на позајмица со опција во целост да биде купен за
вкупно 10 милиони евра. „Росонерите“ се надеваат дека целата процедура ќе биде
завршена во скоро време и Стефано Пиоли ќе може да смета на Суаоли Меите за
дуелот со Каљари во понеделник.

Раководството на
Милан исто така е во преговори Марио Манџукиќ, или поточно со неговиот агент
Џовани Бранкини, со кого се остварени два состанока. Клубот од Сан Сиро ја
разгледува можноста да го ангажира Хрватот на шестмесечен договор, односно до
крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани