Милан добро се „исценка“, еве ги бројките за трансферот на Хименез!

by 24 фудбал
1 минути читање

Трансферот на Сантиаго Хименез од Феенорд во Милан долго време беше топ-тема во италијанската јавност.

Исто така долго траеа и преговорите на двата клуба, бидејќи „росонерите“ тргнаа со понуда од 20 милиони евра и 10% од следна продажба, додека првичното барање на Холанѓаните беше преку 40 милиони.

Желбата на играчот да се пресели на „Сан Сиро“ беше пресудна. Хименез јасно им ставил до знаење на челниците на Феенорд дека сака трансфер, па тие му ветиле дека ќе попуштат со барањата и тоа го направија.

По долгите преговори последните информации од инсајдерите посветени на Милан велат дека Феенорд добил 28,5 милиони евра веднаш, додека сумата со бонуси треба да достигне максимум до 35 милиони. Тоа значи дека е пониско од барањето на холандскиот клуб кој попуштил во преговорите за трансферот на Хименез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани