Поранешниот
спортски директор на Реал Мадрид, како и екс член на таа екипа, Предраг
Мијатовиќ не е убеден дека моменталната активност на Кралевите на европскиот
трансфер пазар носи некои големи промени во составот на Зинедин Зидан.
Црногорецот не е
убеден дека Реал Мадрид работи на голема карта во моментов, и покрај ангажманот
на Лука Јовиќ, а од поодамна се шпекулира дека паднал договор и за ангажман на
Ферлан Менди, медиумите навестуваат дека големата „бомба“ на трансфер пазарот
треба да се случи со Еден Азар, а се споменува и Кристијан Ериксен.
„Ангажираме
замени, не сум убеден во тоа дека Зидан добро го познава Јовиќ, тој [Зидан] ќе има многу работа“ вели Мијатовиќ, кој смета
дека шефот на стручниот штаб на шпанскиот гигант нема големо познавање на
играта на Јовиќ.
Сепак,
Црногорецот во однос на Јовиќ додава дека станува збор за голгетер кому ќе му
биде потребно да му се укаже период за адаптација во новиот предизвик.
„Го познавам
Јовиќ многу добро, тој е голгетер, млад, ќе мораме да му дадеме период за
адаптација, но, тој дефинитивно е фудбалер кој може да биде многу корисен, не
можеме да очекуваме 20 погодоци од него во првата сезона“ додаде Мијатовиќ.