170
Михајловиќ ја победи леукемијата, а беше позитивен и на ковид-19, за среќа и тоа го помина без последици иако беше во ризичната група на луѓе.
„Не можев да посакам повеќе од оваа година. Останав жив, на лично ниво не можев да побарам повеќе“, вели Михајловиќ.
„Како тим, имаме 15 бодови, но заслуживме повеќе за она што го правиме на теренот. Играме добро и покрај сите потешкотии“.
Болоња синоќа се врати од два негатива против Аталанта и одигра 2-2.
„Никогаш не се предаваме, не е чудно што освоивме многу бодови од загубена ситуација. Момците одиграа одлично. Го заслуживме овој бод“.