Михајловиќ: Леукемија, две војни, бомбардирање… воопшто не ми е проблем да останам дома

by
1 минути читање

Историјата на Синиша Михајловиќ е голема и фудбалската и нефудбалската, па зборовите на српската фудбалска легенда имаат тежина.

„Поминав три месеци заклучен во болница, мерките за коронавирусот се лесни како прошетка за мене. Поминав две војни, го преживеав бомбардирањето, зошто да биде проблем да се остане дома?“, вели Михајловиќ.

„Не ја потценувам опасноста од коронавирусот, не ја судам ниту вознемиреноста на оние кои не се навикнати да бидат дома. Можам да кажам дека жена ми се движи повеќе дома отколку некои фудбалери на теренот. По месеци поминати во болница дури и без отворен прозор, тоа да седам дома со мојата фамилија е привилегија за мене“.

„Книги, интернет, телефони, филмови, серии… има и полошо нели? Треба да им помогнеме на докторите со тоа што ќе останеме дома и ќе ги заштитиме послабите категории. Младите велат дека умираат постарите кои имаат и други болести. Но старите не се бројки, тие се ресурси, тие се наша историја“.

„Ќе го победиме коронавирусот, ќе се вратиме во нормала, а тогаш ќе биде прекрасно. Ова ќе ни послужи како лекција“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани