Откако маскирани
хулигани нападнаа дел од фудбалерите на Спортинг Лисабон, инаку навивачи на таа
екипа, повеќе фудбалери побараа раскин на договорот со португалскиот прволигаш
каде настана вистински хаос.
Стефан Ристовски
остана во клубот, а за момент и доби нов тренер во името на Синиша
Михајловиќ,но, по само девет дена од неговото назначување и промоција, доби
отказ од страна на новото раководство на Спортинг Лисабон.
Српските медиуми
пренесуваат дека Михајловиќ ќе го тужи португалскиот клуб и ќе бара голема
отштета поради отказот, а неговиот адвокат веќе поднел тужба и се бараат цели
10 милиони евра отштета.
Михајловиќ според
претходно договореното со Спортинг Лисабон, потпиша тригодишен договор, по кој
од сезона ќе заработуваше по 2 милиони евра.