75
Лоши вести за
„Црвените Ѓаволи“, репрезентативецот на Ерменија мораше предвреме да го заврши
денешниот реванш со Сент Етјен во Лига Европа.
И покрај тоа што
Манчестер јунајтед има сигурна предност од 3-0 од првиот натпревар, Жозе Мурињо
попладнево испрати силен состав на теренот.
Квалитетот на
клубот од Олд Трафорд уште еднаш дојде до израз и Хенрих Мхитарјан погоди за
0-1.
Сепак,
плејмејкерот неколку минути подоцна мораше да го напушти теренот откако се
пожали на повреда на задната ложа на десната нога.
Фановите и Жозе
Мурињо сега нервозно ќе ги чекаат резултатите од деталните тестови, но се
очекува Ерменецот да го пропушти финалето од Лига Купот против Саутемптон во
недела.