88
Германецот е
најплатениот фудбалер на „топчиите“ со неделни примања од 350.000 фунти, но Арсенал
нема многу корист од него. Изминатово лето клубот се обиде да го продаде но
Месут Озил одби да замине.
Судејќи по
сторијата на „Д Атлетик“, јасно е зошто фудбалерот од средниот ред решил да
остане и во целост да го одработи договорот, и покрај тоа што Микел Артета не
смета на него и тој СЕДУМ месеци нема настап за Арсенал.
Како дел од
договорот потпишан во јануари 2018, на Месут Озил на крајот од септември му бил
исплатен бонус од 8 милиони фунти за лојалност.