Првата ѕвезда на
Барселона, Лионел Меси се приклучи на пораките со поддршка до легендарниот
Чави, негов поранешен соиграч од редовите на Каталонците кој објави дека по
крајот на актуелната сезона ќе се пензионира од играњето фудбал.
Аргентинецот
упати емотивно писмо до 38 годишниот Чави кој реализираше 505 меча во дресот на
Барселона, притоа постигнувајќи 58 погодоци во 17те години минати во дресот на
тимот од Камп Ноу.
„Задоволство беше
да се дели соблекувалната со тебе, Чави. Искусивме многу моменти заедно низ
многуте години, вистината е дека ми недостасуваш од денот кога одлучи да си
заминеш, премногу ми помогна на терените, како и вон истите“ напиша Меси.
„Знаеш дека ти
посакувам се’ најдобро во
новата стаза од твојот живот која почнува сега. Сигурен сум дека ќе продолжиш и
натаму да бидеш успешен во се’ што ќе правиш во фудбалскиот свет, голема прегратка!“ додаде Аргентинецот.