На крајот од
август се случи потрес во Барселона, Лео Меси испрати итен допис и побара за
беспари да замине. Напаѓачот се повика на клаузулата која му овозможува
еднострано да го раскине договорот.
Барселона одби да
му ја исполни желбата со образложение дека оваа клаузула е истечена, па
следуваа две недели неизвесност и многу шпекулации. На крајот Лео Меси реши да
се повлече, Аргентинецот не сакаше да оди на суд, па ќе ја одработи последната
година од договорот.
Но дека тој не се мириса со претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и неговите соработници, покажа и неговиот
пост на социјалните мрежи од минатата недела, кога испрати критики за начинот
на кој Луис Суарез заминал.
Лео Меси сепак е
подготвен да стави крај на се и да се фокусира само на сезоната која беше
отворена во неделата со убедлива победа од 4-0 над Виљареал.
„По толку многу
недоразбирања, би сакал да ставам крај на се. Мораме да се обединиме и да
веруваме дека најдоброто допрва доаѓа. Сите ќе го дадеме максимумот за да ги
исполниме целите и да донесеме радост на навивачите. Превземем одговорност за
грешките, доколку ги направив, тоа беше за доброто на Барселона, за клубот да
стане посилен. Но тоа е минато, сега треба да се насичиме кон тоа сите да го
дадеме најдоброто од себе, да бидеме обединети и да туркаме во иста насока“ – вели
капитенот во интервјуто за Спорт.
За критиките до
претседателот во постот со кој се збогуваше со добриот пријател Луис Суарез,
Лео Меси додава: „Знам дека има луѓе кои мислат дека требаше да молчам, како
што премолчев многу други случувања во минатото, но многу работи ми се насобраа
изминативе недели и морав да реагирам“.
„Луѓето кои ме
познаваат знаат дека кога играм, играм за да победам и го оставам срцето на
терен. Секогаш сум го правел ова, и ќе го правам и во иднина, ништо нема да
се промени. Мојата посветеност кон овој дрес и грб е целосна и недопрена“.