На натпреварот помеѓу Аргентина и Перу, Лео Меси имаше еден дуел со противничкиот играч Карлос Замбрано и ја повтори фамозната фраз од Светското првенство во 2022.
Утрово, Аргентина славеше против Перу со 1-0 во квалификациите за мундијалот во 2026, Лео Меси му асистираше на Лаутаро Мартинез за нова победа.
Во 36. минута од натпреварот, Лео Меси имаше еден обид да шутне, а противничкиот играч Карлос Замбрано задоцни со стартот, па капитенот на „гаучосите“ реагираше нервозно и ја повтори фамозната фраза од Катар.
"¿QUÉ HACÉS, BOBO?" 🤌
El enojo de Messi con Zambrano. #EliminatoriasEnTyCSports. pic.twitter.com/aEAEsFFDBu
— TyC Sports (@TyCSports) November 20, 2024
„Што правиш глупаку?“ – му порача Лео Меси на Карлос Замбрано.
На Светското првенство во 2022, по тензичниот натпревар помеѓу Холандија и Аргентина, Лео Меси влезе во расправија со Вут Вегхорст и му довикуваше на напаѓачот: „Што гледаш глупаку? Бегај таму, глупаку“