Меси открил за кого била мистериозната порака при прославата на голот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аргентинецот со
одличен соло пробив ги донесе „Каталонците“ во предност од 1-0, но покрај убавиот
гол, за медиумите беше интересен и начинот на кој Лео Меси го прослави
погодокот.

По вообичаената
прослава и посвета на голот на неговата покојна баба, Меси испрати мистериозна
порака кон трибините.

Долго време се
говори дека Лео Меси ќе добие нов договор но преговорите тапкаат во место, па многумина
веруваа пораката на Аргентинецот била наменета за управата на клубот.

Но според
каталонските весници Спорт и Мундо Депортиво, самиот играч по крајот на
средбата открил за кого бил енигматичниот гест и телефонскиот повик откако увидел колку многу се говори на оваа тема на социјалните мрежи.

Тој објаснил дека
пораката била наменета за роднина, или поточно за неговио внук, кого го барал
неколку пати во текот на денот за да му честите семејна прослава но никако не
можел да го добие.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани