131
Лионел Меси и Луис Суарез потврдија дека формирале нов клуб кој се наоѓа во Уругвај, тој се вика Депортиво ЛСМ (Луис/Лионел Суарез Меси).
Се повеќе фудбалери инвестираат во фудбалски клубови, а другарите Меси и Суарез решија да почнат од почеток.
Се работи за клуб кој ќе се вика Депортиво ЛСМ и е формиран во градот Сиудад де ла Коста. Ќе почнат да се натпреваруваат од четвртата лига во Уругвај. Имаат стадион со капацитет од 1.400 места.
Целта е клубот да стигне до највисок ранг во уругвајскиот фудбал. Ќе има сениорски тим и младинска школа која треба да ги собира најголемите таленти од Уругвај, но и од Аргентина.