Шампионот на
Шпанија сака да го донесе Антоан Гризман во свите редови ова лето, Барселона е
подготвена да ја активира неговата откупна клаузула вредна 100 милиони евра.
Но Атлетико
Мадрид не сака да се раздели со својата ѕвезда и лидерите на клубот прават
силни напори да го обноват договорот на Французинот. Во последно време се
почесто се говори дека Французинот навалува кон останување, па Барса сега вади
џокер и преку Лео Меси го примамува напаѓачот.
„Секогаш го велам
истото. Добрите играчи лесно се разбираат а Гризман е еден од најдобрите и во
моментов поминува низ неверојатен момент од кариерата. Тренерот е тој кој треба
да види како ќе ги вклопи сите, но јасно е дека тој е играчиште и лесно ќе се разбираме
на теренот“ – вели првата ѕвезда на Барселона.
Со евентуално пристигнување
на Антоан Гризман, на Камп Ноу ќе има пеколна конкуренција во нападот со имиња
како Меси, Суарез, Дембеле и Кутињо.
„Се ќе зависи од
тренерот ако дојде Гризман, иако ова не е 100% сигурно, но колку повеќе
квалитетни играчи имаме толку подобро. Сакаме да бидеме најдобриот тим во
светот и затоа ги сакаме најдобрите, а тренерот е тој кој треба да му ја мисли како ќе го состави тимот, тоа е негов проблем“.