Лео Меси и
Кристијано Роналдо се двајцата најдобри фудбалери на денешницата, но тешко е да
се каже кој е најдобар. И Аргентинецот и Португалецот имаат армија свои
поддржувачи кои ќе набројат огромен број на причини зошто нивниот миленик е на
врвот.
Во дебатата реши
да се приклучи и Католичкиот универзитет Лувен, кој направи студија во
соработка со холандската компанија SciSport, која е специјализирање за собирање на податоци.
Тие изготвиле формула и метод кој го нарекуваат Valuing Actions by Estimating
Probabilities (VAEP).
„Вредноста на
фудбалерите многу често се одредува според головите кои ги постигнуваат и
аситенциите кои ги бележат“ – вели Џеси Дејвис, провесор на универзитетот.
„Но голот е редок
настан бидејќи во текот на еден натпревар се прават околу 1.600 акции. Нашиот
модел внимание обрнува на секоја акција, на секој удар, секое додавање,
дриблинг, старт и ја калкулира вредноста“.
Тие направиле
анализа на податоци од сезоната 2013/14 па се до последната сезона на
Кристијано Роналдо во Реал Мадрид (2017/18).
Според студијата,
Лео Меси е два пати подобар од ЦР7 и има VAEP коефициент од 1.21 по натпревар,
во споредба со 0.61 на Кристијано Роналдо.
„Во првите
сезони, Меси и Роналдо имаат речиси исти бројки, но од сезоната 2015/16, Лео
прави огромен исчекор во однос на својот вечен ривал“ – вели студентот Том
Декрос.
„Обично
фудбалерите се инволвирани во многу акции кои имаат помала вредност, на пример
таков е Пол Погба. Или пак имате играчи кои ќе бидат во мал број на допири со
топката, но ќе имаат големо влијание. Тоа се напаѓачи како Хари Кејн, Мохамед Салах
и Роналдо“.
„Меси е исклучок
од ова. Тој е инволвиран во голем број на акции, и акциите се од голема
вредност“.