Меси доби продолжен одмор, Барса без својата прва ѕвезда против Еибар

by
1 минути читање

По четири
слободни дена, фудбалерите на Барселона денеска ги почна подготовките за дуелот
со Еибар на Камп Ноу, а најголемо изостанување беше она на Лео Меси.

Од таборот на
„каталонците“ брифираат дека фудбалерот добил продолжен одмор и ќе се стави на располагање по натпреварот со Еибар во вторник.

По триумфот над
Ваљадолид, Лео Меси се качи во приватен авион и замина дома во Аргентина за Божиќните
празници. Тој ќе остане во родниот Росарио уште неколку дена и ќе се пријави на
тренинг на стартот од новата година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×