Аргентинецот
неодамна седна на разговор со новинарот Жорди Еволе, интервјуто синоќа беше во
целост емитивано на ТВ. Лео Меси зборуваше на многу теми, а за јавноста
најинтересни се прашањата за неговата иднина.
Напаѓачот не знае
дали ќе замине од Камп Ноу или ќе продолжи, одлуката ќе ја донесе по крајот на
сезоната и ќе зависи од многу фактори.
Запрашан дали еден
од овие фактори е Нејмар, и дали ќе остане доколку Бразилецот се врати, тој одговори: „Ќе биде тешко да се купат
играчи, нема пари. Потребно е да ангажираме неколку големи играчи за да се
бориме за сите титули, но потребно е за нив да се плати голема сума.“
„Конкретно за Нејмар, со кои пари ќе
му платиме на ПСЖ? Тој е многу скап. Новиот претседател ќе биде во тешка
позиција, ќе мора да влече интелегентни потези“.
За изјавата на
Нејмар дека сака повторно да игра покрај Меси, тој вели: „Не рече, „Ајде да
играме“, рече, „Би сакал да играме“. Ќе треба да разговарате со него и да го
прашате што мислeл“.
Меси потоа потврди дека и понатаму често е во контакт со Нејмар и откри за што разговарале последниот
пат.
„Разговаравме за
ждрепката во Лигата на шампиони. Ниту ние сакавме да играме против ПСЖ, ниту
тие сакаа да играат против Барселона. Можеби минуваме низ тежок период, но сме
тим кој заслужува почит поради историјата. Ќе биде изедначен натпревар“.