„Старата Дама“
вчера со три бода си замина од Сан Паоло, а по крајот на натпреварот најголем
дел од коментарите беа за контроверзниот момент од средината на првиот дел, кој
го промени текот на мечот.
Алекс Мерет го
собори Кристијано Роналдо на работ од шеснаесетникот. Со оглед на тоа дека ЦР7
имаше чиста шанса за гол, судијата покажа црвен картон. Но ситуацијата е
контроверзна бидејќи од повторените снимки и различните агли кои беа прикажани,
не се забележува контакт помеѓу голманот на Наполи и ЦР7.
Па фановите
побрзаа на социјалните мрежи да го обвинат Португалцот дека одглумил, а и Карло
Анчелоти реагираше бурно. Тренерот на Наполи посочи дека судијата погрешил, и не само што сметаше дека немало контакт, туку велеше и дека Алан бил во близина и можел да реагира и праша зошто не се употребел ВАР за да се види пошироката слика, односно тоа дека приликата на Кристијано Роналдо за гол немала да биде 100%.
Сепак, Фабио
Капело не се сложува со ова, легендарниот стратег вели дека голманот стартувал
опасно, па затоа добил црвен картон.
„Можеби немаше контакт, но стартот е опасен. Роналдо мораше да скокне во спротивно Мерет ќе му скршеше нога. На средината од теренот за
ваков старт ќе добиете црвен. Мерет премногу високо
го крена стапалото за да го удри Роналдо, доколку не го стореше ова, немаше да
има прекршок“ – вели искусниот Италијанец.
Погледнете го видеото од спорниот момент и проценете сами.