Мело ја продолжи војната со Кјелини: Луѓе умираат а тој објавува книга

by
1 минути читање

Марио Балотели и
Џорџо Кјелини се помирија, но Фелипе Мело нема намера да ги закопа воените секири
со дефанзивецот. Бразилецот разговараше на Инстаграм со ссвојот поранешен
соиграч Себастијан Фреј, и оваа прилика ја искористи за да ја продолжи војната.

„Кјелини има
проблем со мене бидејќи му удрив глава кога игравме против Сиена. Немам разговарано
со него од тој момент па до ден денес“
– раскажува фудбалерот  од средниот ред.

„Креира
контроверзија за да му се продава книгата. Многу работи се случуваат, не само
во Јувентус, во секој клуб. Ако почнам да зборувам за се што се случило… ќе
напишам 10 книги“.

„Пример треба да
му биде големиот Хавиер Занети, тој во својата книга не го спомна Јувентус.
Исто така, мислам дека сега не е време кога треба да се објавува книга, многу
луѓе умираат секој ден“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани