Мектоминеј: Во Манчестер јунајтед сум од пет години и кога тренерот ми ја даде капитенската лента…

by
1 минути читање

Синоќа беше посебен ден за 24-годишниот Скот Мектоминеј, не само што го постигна единствениот гол на мечот, туку за првпат беше капитен на тимот.

„Кога тренерот ми кажа дека ќе бидам капитен, тоа за мене беше надреален момент“, вели Мектоминеј.

„Во овој клуб сум откога наполнив пет годинии. Апсолутно го сакам овој клуб и чувствувам како со него да сум цел живот“.

По мечот и Солшер објасни зошто му ја дал капитенската лента на Мектоминеј.

„Тој има карактер. Добро однесување, доаѓа секој ден, максимално ги извршува сите работи, живее како што треба, сака да биде најдобар што може, не се плаши да биде гласен и да зборува со другите, секогаш кога ќе излезе на теренот оди со намера да го даде најдоброто…“, вели Солшер.

„Тој има се што треба да има еден лидер. Денеска сакав да го тестирам, како ќе реагира. Сакав да му ја дадам капитенската лента и да видам дали ќе има некоја промена во неговото однесување, и среќен сум што немаше“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×