Манчестер јунајтед доста лошо ја почна новата сезона во
Премиерлигата каде од досега одиграни три натпревари, избраниците на Оле Гунар
Солшер запишаа само една победа, и истата ја забележаа дури откако беше
отсвирен крај на пресметката кај Брајтон, а сигурно дека особено болен беше
поразот на свој терен од Тотнем со 1-6.
Како и да е, медиумите почнаа да пишуваат за поделби во
соблекувалната, па дури и да отидат дотаму па да наведат дека моторот на тимот,
Бруно Фернандеш е посебно незадоволен, Португалецот особено му замерил на
својот тренер за одлуката да го замени уште по првите 45 минути игра во дербито
со Тотнем.
Сепак, Скот Мектимонеј тврди дека целиот состав на
Манчестер јунајтед стои зад Оле Гунар Солшер, за кого се шпекулира дека е на
излезна врата од клубот, а како негов наследник се споменува Маурицио Покетино.
„Целиот клуб е зад него“ изјави Мектиминеј за време на
интернационалната пауза, додавајќи дека фудбалерите ја имаат целосната доверба
во својот тренер.
„Ние му веруваме нему, му веруваме во секој збор од
негова страна, и не само нему, туку и на останатиот стручен штаб околу него“
додаде Шкотланѓанецот во пресрет на гостувањето кај Њукасл во рамките на
петтото коло од Премиерлигата претстојниов викенд.