Поранешниот
англиски фудбалер Стив МекМанаман верува дека Манчестер Сити би бил идеален
клуб за Хари Кејн доколку напаѓачот има потреба од трофеи, иако инсистира на
тоа дека првата ѕвезда на Тотнем нема никаква потреба да си замине бидејќи и со
ваков статус е голема ѕвезда.
„Доколку тој
посакува да освојува трофеи, секако, тимот кој ги освојува во најголема мера во
моментов е Манчестер Сити, така тоа би било една исклучително лесна одлука“
вели МекМанаман.
„Меѓутоа, луѓето
постојано зборуваат на оваа тема, требало да освојува трофеи за да биде голем
фудбалер, тоа не е точно, тој е голем фудбалер како и да е, Кејн ќе биде еден
од најдобрите“ додава тој.
„Како за пример
ќе го наведам Алан Ширер, луѓето постојано велат дека му недостасувале трофеи,
но никој не може да ми каже дека тој не е голема фудбалска ѕвезда, истото ќе
биде и Кејн доколку остане во Тотнем“ заклучи поранешниот англиски
репрезентативец.
27 годишниот Кејн
сета своја кариера ја помина во дресот на „Спарси“, медиумите на Островот
пишуваат дека тој се соочува со исклучително тешка одлука во поглед на тоа каде
се гледа себе си во иднина, иако има договор со клубот од Лондон до 2024
година.