178
22-годишниот американски фудбалер од Далас во 2016 година се пресели во Шалке, прво на позајмица, а брзо потоа беше целосно откупен.
Во 2020 година од Шалке отиде во Јувентус на позајмица, ги освои фановите и луѓето од раководството па оваа година италијанскиот клуб ја искористи клаузулата и комплетно го откупи.
„Кога бев дете никогаш немав слушнато за Лигата на шампионите“, вели Мекени и објасни како со Мората уживале гледајќи го Роналдо на тренинг.
„Седев со Алваро Мората по тренингот. Само го гледавме Кристијано Роналдо какао вежба слободни удари. Се свртевме еден кон друг и си рековме, каква привилегија е ова, да го гледаме Роналдо како тренира“.