Стратегот има
одлична прва сезона на Стемфорд Бриџ и е на добар пат на Челси да му ја донесе
титулата во Премиерлигата.
Но медиумите од
Италија пишуваат дека кратка ќе биде авантурата на Антонио Конте на
„Островото“.
Оваа недела се
појавија гласини кои велеа дека тој веќе му кажал да на Интер откако добил
четири годишен договор и плата од 15 милиони евра по сезона.
Сепак, самиот
Антонио Конте сега ги отфрла ваквите гласини и вели дека планира да остане уште
долги години во Челси.
„Среќен сум со ова
ново искуство, за мене и семејството авантурата е неверојатна” – вели стратегот во разговор со
Стандард Спорт.
„Секако, оваа
сезона мојата сопруга и ќерка останаа во Италија но се надевам дека ќе ми се
придружат во Лондон бидејќи ми се потребни”.
„Се надевам дека
ќе останам во Челси уште многу години. Кога започнувате проект сакате да остане
долги години и да изградите нешто важно”.