Медиумите од Србија со нови детали за местенката на дуелот ПСЖ – Звезда

by
2 минути читање

Минатата недела
од Франција пристигна најава за голем скандал, „Лекип“ откри дека е отворена
истрага за мечот помеѓу ПСЖ и Црвена звезда во Лигата на шампионите.

Неколку дена пред
пресметката на „Паркот на принцовите“, УЕФА добила дојава дека директор на
клубот од Србија се подготвува да вложи 5 милиони евра на тоа дека Црвена
звезда ќе загуби со пет гола разлика во Париз.

Информацијата
дошла од доверлив извор, па европската куќа на фудбалот веднаш ги информирале
француските власти кои распоредиле специјална единица на стадионот и луѓе кои
требале да го следат однесувањето на играчите.

ПСЖ и Црвена
звезда експресно демантираа дека учествувале во местенка, особено остро беше соопштението
на шампионот на Србија, кој побара од УЕФА што поскоро да стигне до вистината
бидејќи на имиџот на клубот му се нанесува сериозна штета.

Медиумите од
Србија сега се надоврзуваат на сторијата и објавуваат повеќе детали. Според
пишувањата на „Информер“ биле извршени стотина уплати на повеќе од 5.000 евра
на тоа дека Црвена звезда ќе загуби со пет гола разлика. Алармите биле
вклучени кога некој во Азија се обидел да уплати дури 200.000 евра на тоа дека
Црвена звезда ќе загуби со пет гола разлика.

Наводно биле
прислушкувани и телефоните на еден функционер на Црвена звезда и првиот човек
на ПСЖ, Насер Ал Келаифи. „Информер“ вели дека двајцата разговарале неколку
пати, но немало ништо инкриминирачко во разговорите.

Весникот исто
така додава дека на француските власти сомнително им било однесувањето на Филип
Стојковиќ, на кого му измериле дури 29 сомнителни реакции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани