Чилеанецот за
момент се најде во една незгодна ситуација откако Сан објави дека се обложил со
Маркос Рохо дека Жозе Мурињо ќе добие отказ на клупата на Манчестер јунајтед,
што и се случи.
Претходно
наведениот медиум тврди дека Чилеанецот му испратил СМС порака на својот
соиграч од редовите на Премиерлигашот во која го „потсетил“ дека му должи 20
илјади фунти за облогот.
„Ти реков!
Трпението е се’ што беше
потребно. Рохо, ми должиш 20 илјади фунти“ наводно гласела пораката на Санчез
до Рохо, а Чилеанецот оваа вест ја нарече лажна и веднаш реагираше на
социјалните мрежи демантирајќи такво нешто.
class="twitter-tweet" data-lang="en">This is FALSE!!!. José gave me the
chance to play for the best team in the world and I only have gratitude for
him. We are a truly United team. We are MANCHESTER UNITED. Respect. I can't
wait to help the team !. Good luck tomorrow family! pic.twitter.com/9uhXqd5iEU—
Alexis Sánchez (@Alexis_Sanchez) December
21, 2018
„Ова е ЛАГА! Жозе
ми даде прилика да играм за една од најдобрите екипи во светот и јас можам само
да му се заблагодарам за тоа. Ние сме вистински Обединет (јунајтед) тим. Ние сме
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД. Почит. Едвај чекам да му помогнам на тимот! Со среќа утре
фамилијо!“ напиша Санчез.