Мечот против Челси може да му пресуди на Артета, дали е тоа главната битка за Шпанецот?

by
1 минути читање

Арсенал седум натпревари по ред во Премиерлигата не знае за победа, Топчиите играат лошо како што не паметат нивните фанови. Во моментов се на 15. позиција со дури осум порази од 14 натпревари и само 12 постигнати голови, а 18 примени.

Тимот на Артета доживеа дебакл и во Карабао Купот каде на свој терен беше убедливо поразен од Манчестер Сити и елиминран од ова натпреварување.

Раководството на Арсенал му дава поддршка на Артета, но многумина веруваат дека тоа полека се менува. Тимот е на загрижувачко место, а никако да се случи барем еден позитивен резултат кој ќе влее надеж и ќе донесе позитивна атмосфера која ќе биде најава за подобри денови.

Утре со почеток од 18:30 часот, Арсенал го пречекува Челси, лондонското дерби може да ја однесе иднината на Артета во две насоки, многумина сметаат дека тој може да биде клучен за Шпанецот.

Доколку го победи Челси, Артета ќе создаде почва за излез од големата криза, фудбалерите ќе вбризгаат сериозно количество на самодоверба кое потоа треба да се одрази кон следните натпревари.

Но доколку загуби, тоа може да биде крајот за Артета на клупата на Арсенал. Колку и да се добри неговите зборови и замисли за иднината на тимот, едноставно резултати нема, а во модерниот фудбал трпението не е една од карактеристиките.

Отказот на Томас Тухел од ПСЖ може да биде уште една причина која ќе го забрза отказот на Артета. Се зборува дека Германецот може да биде следниот тренер на Арсенал.

Како и да е, едно е сигурно, Артета има се помалку време да испорача резултати, секој следен меч може да биде клучен за неговата иднина, а првиот предизвик е тежок, Челси кој има огромен потенцијал во својот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×