„Ме изолираа, ме плукаа, ме критикуваа…“ – Рајан Шерки ги расчисти сметките со Лион и најави заминување

by bojan
1 минути читање

Рајан Шерки соопшти дека летоска ќе замине од Лион, перспективниот офанзивен фудбалер е подготвен за нов предизвик по тешките 12 месеци.

21 годишниот Рајан Шерки важи за еден од најперспективните фудбалери во својата генерација и подолго време е во бележникот на најголемите клубови ширум Европа.

По синоќешниот натпревар против Анже, последен оваа сезона, офанзивниот фудбалер потврди дека летоска ќе го напушти Лион.

Тој исто така ја искористи оваа прилика да ги расчисти сметките со клубот каде порасна.

„Да, мислам дека ова беше мојот последен натпревар во дресот на Лион. Но морам да бидам внимателен“ – вели Рајан Шерки.

„Добро знаеме низ што се поминав минатото лето, не ми беше лесно, и не сум го заборавил тоа искуство“.

„Сезоната ја започнав во изолација од тимот, иако никогаш не го предадов клубот. Секогаш давав сè за овој грб“

„Сезоната не беше лесна, многу пати ме плукаа, се зборуваше лошо за луѓето околу мене. А сепак, единствениот што носи одлуки сум јас.

„Не сум заборавил од каде доаѓам, горд сум на оваа сезона“.

Се шпекулира дека во неговиот договор има откупна клаузула од 22,5 милиони евра, и ова го прави особено атрактивен за клубови како Ливерпул, Манчестер јунајте, Манчестер Сити, Тотнем, Баерн Минхен и ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани